Во турски воздушен напад во северен Ирак погинале 23 Курди
– Во турски воздушен напад во северен Ирак, на 140 километри од границата, загинале 23 припадници на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Британските медиуми пренесуваат дека Турција редовно изведува задгранични воздушни напади во соседен Ирак, често пати со вооружени беспилотни летала, како дел од нејзината офанзива против милитантите на ПКК.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, пред три дена изјави дека војската изминатата недела во регионот Асос, што се наоѓа длабоко на ирачка територија, во своите воздушни напади погодила 16 цели.
ПКК во 1984 година почна бунт против турската држава, а во судирите што следеа беа убиени повеќе од 40.000 лица. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Ново на Сител
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
