Во Валона запленети над 630 килограми марихуана во прав
- Полицијата од албанскиот приморски град Валона, во близина на Орикум заплени 630 килограми марихуана во прав и 900 грама масло од марихуана.
Во акцијата во која биле вклучени 40 полициски службеници се запленети и пет автомобили и еден моторен чамец, а уапсени пет лица. Тројца од упасените се жители на Орикум, додека останатите тројца се жители на Валона. Тие се уапсени во близина на островот Сазан, а требало да ја преземат дрогата и да ја транспортираат кон италијанскиот брег.
Тоа е втора акција за неколку денови, во која е запленето големо количество на марихуана произведена во Албанија.
Деновиве италијанската полиција Гуардија ди Финанса на крајбражјето на познатото летувалиште Сан Марино заплени над 500 килограми марихуана, која била превезена со моторни чамци и уапси двајца албански државјани. Во рамки на истата акција во Валона беа уапсени уште тројца албански државјани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
