Во Вашингтон се одржуваат републикански избори
Претендентите за претседателски кандидати од Републиканската партија, Доналд Трамп и Ники Хејли денеска во Вашингтон се натпреваруваат во прелиминарни републикански избори (прајмериз).
Во Републиканската национална конвенција која треба да се одржи во јули, американската престолнина е претставена со 19 делегати. На собирот официјално се номинира претседателскиот кандидат од Републиканската партија. Вкупниот број на делегати е 2.429.
Резултатот од гласањето во Вашингтон нема многу да влијае на досегашниот тек на трката. Се смета дека Трамп најверојатно ќе победи.
Изборите во округот Колумбија се шанса за Хејли да извои добри резултати, сметаат набљудивачите. На последните републикански избори за претседателски кандидат во 2016 година Трамп доби помалку од 14 отсто од гласовите и не доби ниту еден делегат, иако на крај на национално ниво ја освои републиканската номинација.
Овој петок Хејли одржа неколку митинзи во Вашингтон додека Трамп воопшто не дојде во градот.
Во Вашингтон, прелиминарните избори на Демократската партија ќе се одржат во јуни.
Ново на Сител
-
Во израелски воздушен напад убиен портпаролот на Хамас
-
Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ
-
Најстудено на Попова Шапка
-
Зеленски: Клучно е САД да не го извлечат Путин од политичката и економска изолација
-
Макрон: Предложените европски воени сили во Украина би можеле да дејствуваат доколку Русија ги нападне
-
Пет години членство на Македонија во НАТО
-
На охридскиот аеродром прв лет од Истанбул
-
Путин: Некои луѓе на Запад не ја разбираат Русија