Македонија
24. April 2024 - 12:48

Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти

Во Велес и велешко на 84 избирачки места до 11 часот денеска од вкупно 44 858 на единствениот избирачки список на гласање за првиот круг од Претседателските избори излегле 7329 гласачи или 16,34 проценти, информира за МИА, Ребека Бајдевска Ѓошева од Општинската изборна комисија (ОИК).

Во Општина Чашка, како што информира Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка на 31 избирачко место или од 6076 на единствениот избирачки список до 11 часот гласале 15,27 проценти од гласачите.

Во Општина Градско, пак, каде на 11 избирачки места со запишани 3019 избирачи на единствениот избирачки список до 11 часот гласале  624 односно 20,62 проценти од избирачите, што е најголем процент од трите општини, соопшти Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско.