Македонија
1. December 2016 - 9:12

Во Велес гостуваше МОБ со претставата за деца „Трите прасиња“

На сцената на  Народниот  театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот “ во Велес  синоќа со изведба на две претстави гостуваше ансамблот на Македонската опера и балет со претставата за деца „Трите прасиња“.
 
Кореографијата ја направи Олга Панго, костимите Марија Папучевска, а во претставата настапија солистите на МОБ: Маја Митровска Богојевска, Дафина Даниловска Кочевска, Билјана Басмаџиева, Агим Бафтими и Едона Пајазити.
 
Ансамблот на МОБ во Велес веќе гостувал со свои балетски претстави, но првпат со претстава за деца.