Македонија
6. July 2015 - 15:19

Во Велес изграден нов паркинг за 168 возила кај Мало Мовче

Градоначалникот Славчо Чадиев денеска изврши увид на локацијата во близина на Мало Мовче, каде што завршија градежните активности за изградба на нов паркинг простор наменет за 168 возила.

Како што информира за медиумите Дуњамин Мехмед од службата за информирање на Општина Велес, површината на овој паркинг простор изнесува околу 3,660 метри квадратни, а средствата за негова изградба издвоени од општинската каса се три милиони денари. 

- Со пуштањето во употреба се очекува значително да се намали навалицата и гужвата на автомобили како од левата страна на градот така и од централното градско подрачје на Велес, потенцира Мехмед.