-->
-->
Во Велес одбележан „Денот без автомобили“
-->
Во рамки на Европската недела на мобилност, Општина Велес денеска со спортска манифестација со возење велосипеди, тротинети, ролерки и одење пеш на плоштадот„С’рмаале“ го одбележа 22 септември – Светскиот ден без автомобили.
На манифестацијата учествуваа ученици од велешките основни училишта, детските градинки, здруженија на граѓани и граѓани.
Улицата„ 8 ноември“ на потегот од кафе бар „Страда“ до споменикот на велешките Илинденци – коњаникот беше затворена од 07:00 часот до 15:00 часот, каде можеа да се движат велосипедисти, деца и млади на ролери, со тротинети, ски – роли и други алтернативни средства на превоз.
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски потенцира дека е горд што Советот на општината оваа недела на својата 40-та седница го усвои Планот за одржлива урбана мобилност 2019-2030 година.
– Со истиот по примерот на Љубљана, предност ќе им се дава на пешаците и велосипедистите, па јавниот превоз и на крај автомобилите, а чии учество по главните градски улици постепено ќе треба да се сведе на минимум,а со тоа што треба да се менува и свеста на граѓаните за здрав начин на живеење и превоз со алтернативни средства кои не ја загадуваат животната средина, рече Коцевски.
Ианаку, Општина Велес и здружението „Green Power“ вчера ја промовираа пешачката патеа од Вршник до Тополка во должина од шест километри.
Симболично во жолто бело црвена боја беа одбележани три главни пешачки премини во градот, кај салата „Гемиџии“ и основните училишта „Васил Главинов“ и „Панко Брашнаров“.
Европската недела на мобилност, Општина Велес ја организира со финансиска поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето