Во Велес отворена ликовната изложба „Божествен ПРЕМИН“ на Новица Трајковски
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена ликовната изложба „Божествен ПРЕМИН“ на Новица Трајковски на која се претставени 40. слики масло на платно. Организатор на изложбата е Неродниот музеј – НМ.
Елица Николова од НМ која ја промовираше изложбата рече дека Трајковски се решава за оваа тема бидејќи е инспириран од убавините на Македонија, старите градби и неимарството на нашите стари мајстори, а како основен мотив ги зема старите камени мостови во Македонија.
Николова појасни дека концептот на оваа изложба е компактибилен со тематскиот циклус на изложби „Божествена љубов“ од поширокиот циклус „Убава е Македонија“.
-Старите градби и неимарството на многубројните безимени народни неимари,од кои како основен мотив ги зема старите камени мостови во Македонија како и многубројните сакрални објекти поврзани се во органска блискост помеѓу создадената архитектура и прекрасниот пејсаж од кој изникнуваат, појаснува Николова.
Спред неа, сето ова не би било чудесно без Божјата љубов и без љубовта на уметникот кон својата земја и природата.
Авторот Новица Трајковски нагласува дека на поголем број слики првично ја перципираме препознатливата форма на мостот, но мостовите не се само оние видливи за нашето око кои претставуваат премин од едно во друго место.
-Постојат и многу невидливи за нашето око, но видливи за нашите други сетила кои претставуваат ПРЕМИН од едно во друго време, од едно во друго размислување, верба и љубов. Љубовта е мост што сите на поврзува со се’што не опкружува, љубов која е пред се ги сплотува душите, животворна сила, потенцира авторот Трајковски.
По Велес, оваа изложба планира да ја претстави во Скопје и други градови во земјава, а, како што вели авторот, се надева и има желба да ја изложи и во странство.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата