Во Велес промовирана книгата „Турцизми во македонскиот јазик“ од Борислав Гајдов
Во медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше промовирана книгата „Турцизми во македонскиот јазик“ од Борислав Гајдов прим. др во пензија, познат лекар специјалист, велешанец кој живее во Скопје. Во книгата има собрано осум илјади зборови – турцизми кои се користат во македонскиот јазик и околу илјада имиња кои се произлезени од турскиот јазик, особено од занаетите.
Како што појасни промоторот Стефан Ѓорчев книгата е порив на еден аматер кој имал желба да собере турцизми сеќавајќи се на говорот на сопствените претци, на дедо му, баба му, татко му и мајка му, а и јас му собирав дел од велешките турцизми, но потоа тој почна со собирање на сите турцизми кои се користат во македонскиот јазик.
-Интересно е што во рецензијата од професори од Институтот за македонски јазик од Скопје – проф др Убавка Гајдова и проф др.Светлана Давкова, тие го потврдија значењето на овој труд без разлика што тој е лекар а аматер во оваа област. Иако некои можат критички да се осврнат дека турцизмите не се сосема корекно пренесени во смисла на турскиот јазик. Авторот појаснува дека ги пишува така како што ги запаметил и како што се во говорот на велешкото подрачје и како што тој смета дека треба да се прикажат. Турцизмите што авторот го извадил од лексикони се корекно пренесени, појаснува Ѓорчев.
Ново на Сител
-

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската ПВО
-

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска
-

Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“
-

Кремљ го поздрави укинувањето на суспензијата на Рускиот олимписки комитет
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица

