Во Велес веќе еден месец нема Комисија за полагање возачки испити
Веќе еден месец кандидатите за возачи од Велес и поширокото подрачје на СВР Велес, во кој се вклучени и Кавадарци, Неготино и Демир Капија не можат да полагаат за возачки испит. На старата лиценцата и истече, во август а нова се уште нема.
Како што информираа од МВР за МИА, постапката е пролонгирана поради состојбата со Ковид-19. Потенцираат дека на кандидатите за возачи од подрачјето на СВР Велес, не им е оневозможено да го остварат тоа право.
–Имено, согласно Законот за Безбедност на сообраќај на патиштата член 291 став 3, кандидатите можат да го пријават и полагаат возачкиот испит во кој било друг испитен центар, во земјава, по свој избор, посочуваат од МВР.
Од МВР за МИА известуваат и дека во тек е постапка за објавување јавен оглас за избор на правно лице кое ќе ги врши овие дејности на подрачјето на СВР Велес.
Инаку, досегашната Комисија за полагање возачки испити работеше од 2010, а лиценцата добиена од МВР истекла во август годинава.
Ваков проблем со немање Комисија за полагање возачки испити кандидатите од подрачјето на Велес и пошириот повардарски регион имаа од април 2010, кои чекаа цели шест месеци. Потоа проблемот беше решен со избор на нова Комисија за полагање возачки испити, на која сега во август годинава по десет години и истече лиценцата. Но тогаш кандидатите освен што изгубија во чекање за полагање возачки цели шест месеци изгубија и пари.Причината беше што документите од старата на новата Комисија им беа автоматски префрлени но не и уплатените пари за полагање, па тие мораа повторно да платат за полагање.
Многумина од нив не ги повратија назад парите кои ги уплатија од шест и повеќе илјади денари, а некои поради тоа старата Комисија за полагање на возачки испит ја тужеа и на суд.
Ново на Сител
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците
-
Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија
-
Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица
-
ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење
-
Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата
-
Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода