Во Велес во новата година родени две женски бебиња
На Гинеколошко-акушерското одделение во велешката Општа болница синоќа по полноќ се родени две женски бебиња. Првото во 12:05 е од мајка Стефани Тасевска 23 години од Велес, тешко е 3,320 грама и долго 51 сантиметар. Подорувањето на прворотката бил нормален и мајката и бебето се чувствуваат одлично изјави за МИА, прим д-р Атанас Василев кој ги породил бебињата.
Второто бебе, исто така, женско е родено во 14 минути по полоќ од мајка Мејрем Муртезани 25 години од село Горно Оризари, тешко е 4,170 грама и долго 53 сантиметри. На родилката ова и е второ дете. И мајката и бебето се чувствуваат одлично, изјави прим д-р Василев.
Инаку лани првото бебе се роди на 3 јануари и тоа во домашни услови. Во велешката болница прво бебе на 1 јануари последен пат се роди во 2017 година, и ова е повторно по пет години.
Инаку точно на пладне Гениколошко-акушерското одделение го посети градоначалникот Марко Колев и им врачи пригодни подароци на родилките, а потоа се сретна со тимот од ова одделение им ги честита празниците и им посака успешна работа.
Инаку лани на Гениколошко-акушерското одделение се родиле 396 бебиња, што е помалку за 16 споредено со 2020 кога биле 412. Факте е дека наталитетот во Велес и велешко секоја година и дека во 2019 се родиле 473 бебиња, во 2018 – 505, во 2017 – 649, во 2016 – 651 бебе.
Освен од Велес и велешко тука се пораѓаат и жени од Општините Градско, Чашка, Лозово како од Кавадарци, Неготино и Свети Николе.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани