Македонија
24. April 2021 - 15:18

Во велешката болница се намалува бројот на пациенти на кислородна поддршка

Во Општата болница во Велес денеска има 29 пациенти на кислородна поддршка, што е за десет помалку споредено со вчера кога беа 39.

Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти  од кои 67 се потврдени позитивни на Ковид-19,  четири сомнителни и 15 пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување, информира портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.

Таа посочи дека вчера имало 90 хоспитализирани, а 71 позитивен на Ковид-19.

Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест, а вчера беа испишани шесмина оздравени од Ковид-19. Починат е еден пациент со Ковид-19 на 79-годишна возраст, од село Каратманово, кој бил лекуван три дена на Интерното одделение.