-->
-->
Во велешката болница тројца оздравени од Ковид-19, еден починат
-->
Во Општата болница во Велес вкупно хоспитализирани се 38 пациенти од кои 29 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни, а седум имаат негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти, информира портпаролот на болницата, д-р Елеонора Јованова.
На Инфективно одделение со 54 кревети има 31 пациент, а на Интерно Б крак седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Ковид-19.
Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Починат е еден пациент на 79 – годишна возраст, лекуван два дена на Инфективно одделение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател