Во велешко Отовица почна изградба на фекална канализација
Во велешкото село Отовица денеска почна да се реализира проектот „Заштита на водите на велешкото езеро „Младост“ преку регулирање на отпадните води“.
Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој денеска изврши увид во градежните работи, информира дека новиот канализациски систем ќе биде со должина од 2,5 километри. Со системот во ова населено место ќе бидат опфатени улиците „Благој Ѓорев“ и „Гоце Делчев“, односно седум краци од нив.
- Канализацијата ќе заврши со пречистителна станица. На тој начин ќе се елиминира секаква можност за загадување на водите во езерото „Младост“ кој е рекреативен центар на жителите на Велес, Отовица и од други градови од земјава, а посетено е и од голем број од транзитните туристи, рече Чадиев.
Носител на проектот е Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 7,6 милиони денари, средства кои се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој.
- Со реализацијата на овој проект директна корист ќе имаат околу триста жители на населеното место, со што конечно ќе се реши нивниот повеќедецениски проблем. По поставување на канализацискиот систем ќе следи и проект за поврзување на селото Отовица со вода од градскиот водовод на Велес, истакна Чадиев.
Ново на Сител
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил