-->
-->
Во Велешта автобус удри велосипедист
-->

На регионалниот пат Струга - Дебар, во село Велешта, вчера попладне околу 17 часот се случила сообраќајна незгода меѓу автобус „Сетра“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.К.(1971) од Велешта, и велосипед со мотор „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од Б.А.(1964) од село Корошишта.
Во незгодата, возачот на велосипедот со мотор се здобил со фрактура на ребра по што е пренесен во Медицинскиот центар - Струга од каде е префрлен во Болницата Св.Еразмо-Охрид, но поради сериозноста на повредите е префрлен во УЦ-Скопје.
Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица -Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
