Во Велика Британија се повеќе социјално загрозени семејства живеат во пансиони
Од 2021 година во Велика Британија е зголемена должината на престој во пансионите за социјално ранливите категории, кои немаат свои домови. Подолг престој е регистриран во Лондон и во југоисточниот дел на земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на „Скај њуз“.
Според истражувањето децата во некои делови на Англија поминуваат во просек 5,5 години во привремено сместување.
Според владините податоци, користењето ноќевање со појадок е најбрзо растечката категорија на привремено сместување во изминатата деценија и се зголеми за четири пати – од првичните 4.400 домаќинства во 2014 година на рекордни 18.400 домаќинства кои живеат на тој начин во 2024 година.
Податоците покажуваат дека 6.000 од овие домаќинства вклучувале деца, од кои две третини живееле во пансиони подолго од законската граница од шест недели. Ноќевањата со појадок, кои беа резервирани само за итни случаи, беа најголемата поединечна категорија на трошоци во буџетите на локалните совети за бездомниците во 2024 година, со 723,9 милиони фунти. Тоа е трипати повеќе од сумата потрошена во 2014 година за истите цели, кога беа потрошени 218 милиони фунти за такво сместување за бездомници, а трошоците за привремено сместување за локалните власти се зголемија на повеќе од 1,6 милијарди фунти во периодот 2022-2023 година, а во 2023-2024 година на околу 2,1 милијарди фунти, соопшти локалниот Комитет за јавна помош (ПАЦ).
Според Комитетот 45 отсто од домаќинствата кои примаат помош се соочуваат со разликата помеѓу износот на средствата што ги добиваат од Владата и трошоците за кирија.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија