Во весела атмосфера дочекана Новата година во Охрид
-Илјадници охриѓани и гости од земјава и странство ја испратија старата и ја дочекаа Новата година на преполниот Градски плоштад во Охрид.
![]()
Забавата кулминираше пред полноќ со настапите на македонските фолк ѕвезди Ефто Пупиноски и Миле Кузманоски, а желби за многу среќа, здравје, успех, љубов… испрати и градоначалникот Кирил Пецаков.
– Оваа година ја пречекуваме во одлична атмосфера пред преполн плоштад со премногу туристи, како од земјава така и од странство. Поскаувам многу среќа, здравје, успех, љубов и 2023 година да ни е многу многу поуспешна од оваа. Да имаме само напредок на секое поле. Во 2023 година да престанат сите национални понижувања кои сите долго ги трпиме, порача Пецаков во изјава за медиумите на дочекот на Новата година на Градскиот плоштад.![]()
Како најголем предизвик за оваа година ја смета реализацијата на големите проекти што им ги ветил на граѓаните.
– Ако кажеме дека 2022 година беше предизвикувачка со енергетската криза, би рекол 2023 ќе биде година во која се она што лично сум го замислил како градоначалник од големи проекти, дека ќе започне со реализација, а на крај на 2023 и почетокот на 2024 и се останато што сме го ветиле пред граѓаните заради кои сме ја добиле поддршката, рече Пецаков.
Полноќната забава продолжи со диџеите Багзи и Јана Slayy, а претходно атмосферата ја загреаа Петар Нечески, Татјана Стефаноска и Ѓоко Танески.
Покрај на преполниот Плоштад весело беше и во угостителските објекти каде забавата продолжи до раните утрински часови, а не изостанаа ниту традиционалните дочеци во домашна атмосфера.
Ново на Сител
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за пpодолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
