Во Влада состанок за Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда. Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека на состанокот биле разгледани досегашниот напредок и следните активности во однос на реформите.
- Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој беа разгледани досегашниот напредок, тековните активности и следните чекори за навремено исполнување на предвидените обврски, напиша Мицкоски.
Тој додаде дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите, како клучен предуслов за унапредување на институциите, забрзување на европската интеграција и подобар квалитет на живот за граѓаните.
На состанокот присуствувале министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за транспорт Александар Николоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
