Во воздушни напади во Авганистан загинаа 24 цивили
Во вчерашните воздушни напади врз селото Сејад Рамазан во северната авганистанска провинција Кундуз загинаа 24 цивили, тврдат очевидци.
Тие тврдат дека при нападот врз селото, што е под контрола на талибанците, загинале и пет деца.
Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека во воздушните напади убиени се 30 талибански борци, додавајќи дека се води истрага поради тврдењата дека помеѓу загинатите има и цивили.
Портпаролот на талибанците ги осуди воздушните напади, наведувајќи дека талибанците немале воени операции во областа за време на воздушниот напад.
Нападот се случи за време на преговорите во Катар помеѓу талибанците и авганистанската за иднината на Авганистан. Преговорите што се клучен дел од мировниот договор, што САД го потишаа со талибанците на 29 февруари, почнаа на 12 септември во Доха.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ