Во возило пронајдени 30 килограми марихуана, приведени три лица, меѓу нив и 63-годишен арачиновец
Три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана се пронајдени и одземени вчера во патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки на регионалниот пат Дебар – Маврово, а приведени се три лица.
МВР денеска соопшти дека синоќа околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
– Ќ.М. е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45). По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка, се појасува во соопштението.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип