Во Загреб уништени уште два плаката на Српскиот народен совет (СНВ) на кирилица
Во Загреб се уништени уште два џамбо кирилични плаката на претседателските кандидати на Колинда Грабар-Китаровиќ со нејзиниот слоган, на загрепскиот Житњак, и со името и слоганот од претседателската кампања на Мирослав Шкоро, во квартот Кнежија.
Плакатите со ликовите на тројцата претседателски кандидати Колинда Грабар Китаровиќ, Зоран Милановиќ и Мирослав Шкоро, и нивните слогани на кирилица ги организираше Српскиот народен совет во рамките на кампањата „Подобро да се разбереме“ и симнувањето на стигмата од српскиот јазик и кирилското писмо.
На Славонската авенија, на загрепскиот Житњак, уништен е уште еден кириличен плакат со името на претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ и слоганот „ Претседателка. Бидејќи Хрватска знае!“, напишан на кирилица. Непознатиот сторител го додал и името на Милорад Пуповац и цртеж на вешалка, што е уште еден отворен повик на линч и закана со убиство на претседателот на СДСС и пратеник во хрватскиот Сабор, пишува хрватскиот портал Новости.
Од Сплит, пак, во саботата, на 7 декември, пристигна и фотографија на уништен кириличен плакат на кој се наоѓаше името на Мирослав Шкоро и неговиот слоган „Сега или никогаш“, Непознат сторител прво со бела боја го исфарбал целиот плакат , а потоа се оставени пораки со содржина „ Милораде, нека, нека, усташки те логор чека“, „Повампирени усташи“ и „Убиј го Србинот“ .
Слични вандалски и заканувачки пораки се испратени и од Риека.
„Во телефонски разговор со колегата Милорад Пуповац најостро ги осудивме најновите закани упатени кон него како политички првенец на Србите во Хрватска, и му дадов целосна поддршка и му искажав солидарност. Секогаш мораме да бидеме на страната на правдата и хуманоста, напиша Жигманов на Твитер.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија