Во Западна Србија падна првиот снег
Во западните делови од Србија денеска падна првиот снег, а во Ужице и Ивањица има пет до десет сантиметри снежна покривка, јави дописникот на МИА од Белград.
Покрај Ужице и Ивањица, снег падна и во Сјеница, како и на планината Златар кај Нова Варош, а како што е најавено, на високите планини на југозападна и јужна Србија дождот кој утрово паѓа, во вечерните часови за кратко време ќе прерасне во снег.
Според прогнозата во Србија, во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, во ридско-планинските предели со снег. Во текот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во снег во пониските предели на западна, јужна и југоисточна Србија, во текот на вечерта во централните предели, додека во исто време врнежите ќе престанат во Војводина.
Според моменталната временска прогноза, во недела во сите региони во Србија ќе има вистинско зимско време.
Ново на Сител
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава