Во земјава активни 13 пожари

Центарот за управување со кризи информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие.
Пожари има меѓу селата Јаболчишта и Дреново во општина Чашка, кај селото Калањево во општина Велес, кај селата Сирково и Подлест во општина Росоман, кај местото викано Бегово Поле во општина Студеничани, (нискостеблеста шума и ниска вегетација), меѓу селата Драгоево и Селце, с.Пухче и с. Пиперово во општина Штип, кај селото Габровник во општина Чашка, село Слатина во општина Македонски Брод, кај селото Гајринци во општина Пробиштип, кај селото Подлес во општина Чашка, кај месноста Смолево во општина Битола, село Небрегово општина Прилеп и Долнени и кај Пепелиште кај општина Штип.
Под контрола се четири пожари - меѓу селата Слепче и Гостиражни во општина Долнени, градската депонија во Делчево, селото Девич во Македонски Брод и селото Штурово во општина Радовиш.
Од ЦУК информираат дека девет пожари се изгаснати, а два се локализирани.
Ново на Сител
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
