Македонија
14. February 2017 - 13:38

Во земјава има над 18 илјади продавници

Во Република Македонија има 18.749 продажни капацитети во трговијата на мало, од  кои 18.266 се продавници и 483 се бензински станици, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците од спроведениот Попис од 1. до 12 ноември 2016 година најголема концентрација на продажни капацитети има  во скопскиот регион, 23,8 отсто.

Гледано по општини, најголема концентрација има во Тетово 8,1 отсто, Куманово 6,9 отсто, Битола 6,1 отсто, Прилеп 5,4 отсто, Центар 5,3 отсто, Струмица 4,4 отсто, Гостивар 4 отсто, Чаир 3,9 отсто, Охрид 3,8 отсто, Велес 3,4 отсто и Струга 3,3 отсто. На територијата на овие општини се концентрирани повеќе од половина од продажните капацитети во трговијата на мало, односно 54,6 отсто.