-->
-->
Во земјава има над 18 илјади продавници
-->
Во Република Македонија има 18.749 продажни капацитети во трговијата на мало, од кои 18.266 се продавници и 483 се бензински станици, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците од спроведениот Попис од 1. до 12 ноември 2016 година најголема концентрација на продажни капацитети има во скопскиот регион, 23,8 отсто.
Гледано по општини, најголема концентрација има во Тетово 8,1 отсто, Куманово 6,9 отсто, Битола 6,1 отсто, Прилеп 5,4 отсто, Центар 5,3 отсто, Струмица 4,4 отсто, Гостивар 4 отсто, Чаир 3,9 отсто, Охрид 3,8 отсто, Велес 3,4 отсто и Струга 3,3 отсто. На територијата на овие општини се концентрирани повеќе од половина од продажните капацитети во трговијата на мало, односно 54,6 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
