Македонија
18. May 2024 - 16:33

Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам

Состојбата на лицата со аутизам не е на задоволително ниво

Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам.

Состојбата на лицата со аутизам не е на задоволително ниво како од здравствен така и од образовен аспект.Валентина Павловска Златановска родител на 18 годишно дете оваа година матирант со аутизам пред камерата на Сител раскажува дека со проблеми се соочуваат од самото раѓање на детето ,водат секојдневна борба наидувајќи на потешкотии од страна на институциите но и во образованието неприфатени не само од децата туку и од наставниот кадар.

Загрижувачка е состојбата во земјава и од страна на се поголем број на лица кои за пари на фамилиите им нудат лажна надеж .

Нашата земја заостанува зад сите западноевропски држави ,добрите познавачи од оваа област сметаат дека неопходна е национална стратегија и едукација на здравствениот кадар за дијагностика.

Во Македонија нема  национален регистар  ,во   македонското  здружението за аутизам регистрирани се 500 лица но бројката е далеку поголема ,според статистичките анализи би требало да има околу 20 илјади лица кои имаат аутистичен спектар на нарушувања.