Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
Во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што завчера го погоди Мјанмар, а кој беше почувствуван и во Бангкок и предизвика пустош во Тајланд, 18 лица загинаа во Бангкок, објави денеска тајландската државна јавна телевизија ПБС, повикувајќи се на извори во спасувачката служба во тој град.
„На местото на уривање на 30-катната административна зграда во изградба се пронајдени уште четири тела. Во тек е спасувачка операција за извлекување на луѓето затрупани под урнатините“, јави телевизијата.
Службеник за управување со катастрофи во Бангкок потврди дека вкупно 18 лица загинале во земјотресот во Бангкок, сметајќи ги само оние извлечени од урнатините на 30-катната кула во изградба и луѓето загинати на други локации откако паднале од голема височина во моментот на земјотресот.
„Се урна новата зграда во изградба на Канцеларијата на главниот ревизор, што резултираше со 18 повредени и 10 смртни случаи. Од жртвите, девет лица починаа на лице место, а едно лице почина во болница“, рече официјалниот претставник.
Светските агенции повикувајќи се на информации од владејачката хунта во Мјанмар објавија дека во земјотресот што го погоди Мјанмар загинале 1.644 лица, повредените се 3.408 луѓе, а најмалку 139 лица се водат како исчезнати.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот