Свет
18. April 2018 - 13:31

Во живо на ТВ ќе бидат емитувани делови од Самитот меѓу двете Кореи

  Северна и Јужна Кореја се договорија делови од средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседаел Мун Џае-ин да бидат пренесувани во живо на телевизија. 
 
Во соопштение од канцеларијата на Мун се наведува дека од средбата која ќе се оддржи следната недела во пограничното село Панмунџон ќе бидат емитувани најважните моменти, со оглед дека е ова прва средба на двајцата лидери.
 
Средбата на 27 април ќе биде трет Самит меѓу Јужна и Северна Кореја од крајот на Корејската војна (1950-1953).
 
Самитот се смета за клучен чекор кон решавање на севернокорејската нуклеарна криза