Тенис
10. January 2022 - 14:04

ВО ЖИВО: Новак Ѓоковиќ се обраќа на јавноста

Во тек е конференција за медиумите која ја организира семејството на Новак Ѓоковиќ, на која ќе се обрати и тенисерот.

Судот во Австралија донесе пресуда во корист на Новак Ѓоковиќ со која е поништена одлуката за депортирање и дозволено му е да остане во земјата, меѓутоа австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук го разгледува прашањето дали повторно ќе му ја укине визата на српскиот тенисер, а се ќе биде познато во наредните денови.