Во знак на солидарност со Украина украинското знаме поставено до македонското пред зградата на МВР
Украинското знаме е поставено до македонското на јарбол пред зградата на Министерството за внатрешни работи во знак на солидарност со Украина, по повод годишнината од стартот на руската агресијц врз земјата, објави ресорниот министер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.
- Денеска, 24.02 навршува точно една година од започнувањето на инвазијата од големи размери на Русија против Украина. По тој повод, а во знак на поддршка и солидарност со Украина и украинскиот народ, украинското знаме е поставено до македонското знаме на јарбол пред зградата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.#WeStandWithUkraine, напиша Спасовски.
На денешен ден лани почна руската агресија врз Украина. Во првата година од војната, десетици илјади луѓе загинаа, вклучително и илјадници цивили, милиони станаа бегалци, а некои градови се целосно уништени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
