Водата од регионалниот водовод „Лукар“ безбедна за пиење

Водата од регионалниот водовод „Лукар” е безбедна за пиење, информираа денеска од Центарот за јавно здравје од Кавадарци, откако пред некој ден беше издадена препорака да се преврива водата за пиење поради заматеност како последица на дождовите.
- Тоа значи дека препораката за задолжително превривање на водата пред пиење е отстранета. Последните анализи на резултатите од земените мостри покажуваат дека водата за пиење е хемиски и бактериолошки безбедна, рече доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител на центарот во Кавадарци.
Од регионалниот водовод „Лукар” со вода за пиење се снабдуваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а водата се носи педесетина километри од под планината Кожуф.
Kако последица на врнежите од дожд, пред неколку дена водата доби жолтеникава боја. Тогаш дозирањето со хлор беше покачено на максимум.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
