-->
-->
Водно исчистено од отпадоци
-->

Млади од различни етнички заедници денеска на Водно учествуваа во акција за собирање отпадоци, под мотото на проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“. Облечени во маици со ова мото, спуштајќи се од врвот на планината до Средно Водно тие собраа отпад фрлен по патот.
На акцијата се приклучија и вработени во Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.
Организатор на акцијата е Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД.
Со проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“, како што велат од ЛЕАД, се предвидени шест вакви акции, во наредните шест месеци.
Покрај расчистувањето на планината, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
