Македонија
3. April 2017 - 10:47

Водостоите на реките под просекот за април

 Водостоите на реките во Македонија се под просекот за април, а нивото на Охридското Езеро е за 18 сантиметри над дозволениот минимум,покажува неделната хидролошка состојба.

Според мерењата на УХМР, потпросечни се нивоата на Вардар кај Скопје, Велес, Јегуновце и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Штип и на Струмица кај Сушево.

Драстично пониски од просекот се водостоите на Пчиња кај Катлановска Бања и на Црна кај Новаци.