Македонија
13. August 2015 - 13:16

„Водовод" почна со санација на прекопите во Куманово

Јавното претпријатие „Водовод" почна со акција за санација на прекопите и оштетувањата на улиците во централното градско подрачје.

Претпријатието има обврска да ги врати во првобитна состојба улиците оштетени при поправка на дефекти на водоводната и канализациската мрежа, како и поради новите приклучоците за правните и физичките лица.

Како што објаснуваат надлежните од кумановски „Водовод", за нивните активности прво ја информираат надлежната општинска комунална инспекција која ги одобрува прекопите и санациите и издава решение со нагласување дека во определен рок „Водовод" треба да ги санира оштетувањата и улиците да се вратат во првобитна состојба.

- Акцијата интензивно се спроведува на улиците „Видое Смилевски-Бато“, „Титова Митровачка“, „Трета МУБ“, улиците од централното и поширокото градско подрачје. Во овој период ќе бидат опафтени триесетина улици. Ако има недостиг на асфалт, на одредени локации ќе бидат поставени бекатон коцки, изјави директорт на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски.

Санацијата на оштетувањата е предвидена да трае до почетокот на октовмри,годинава.