Свет
22. April 2022 - 11:34

Воен транспортен авион се урна во јужна Украина, има жртви

Украински авион се урна за време на „технички лет“ во јужна Украина и има жртви, соопштија локалните власти.

Авионот АН-26, воен транспортен авион управуван од украинските вооружени сили, се урна утрово во областа Вилнија во регионот Запорожје, соопшти регионалната воена управа на Запорожје.
Околностите за несреќата се проверуваат и повеќе информации ќе има подоцна, додаваат властите.