Воената хунта на Тајланд го зголемува списокот на личности на кои им се забранува политичка активност

Воената хута во Тајланд, која изврши државен удар во мај минатата година драстично ќе го прошири списокот на лицата на кои им се забранува политичка активност во следните пет години.
Тоа значи дека покрај поранешната премиерка и нејзиниот брат Таксин Шинаватра и голем број министри од претходните влади, на изборите кои воената хунта ги најавува за втората половина на 2016 година, право за кандидирање не ќе имаат и неколку стотини високи државни службеници, од хуната оценети како неподобни при враќањето на демократијата во Тајланд.
За еден дел на тие што ќе добијат забрана за политички активности има оценки дека ја злоуптребувале власта, а за дел причината за забраната е тоа, што според проценките на армијата, тие несоодветно на примањата го зголемиле личниот имот. Дел од групата на списокот на лица со забрана на политичка активност се судии, кои според проценката на актуелната воена власт, биле попустливи спрема обвинетите за слоупотреба на јавните функции, или спрема учесниците во коруптивни афери.
Листата со лица на кои им се забранува политичка активност ќе почне да се објавува од понеделник. Одлуките, без право на приговор, ги носи привремениот Уставен совет, формиран по воениот удар, во чиј состав доминираат високи офицери на тајландската армија.
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
