-->
-->
Војната на патеката со Маркез, Роси ќе го чини титула?!
-->

Возачот на Јамаха Валентино Роси изјави дека поради Марк Маркез ја загубил десеттата титула. Роси и Маркез ‘приватната војна’ со зборови ја претворија во војна на патеката „Сепанг“ на трката за Големата награда на Малезија.
Епилогот од контроверзната трка која ја имаа Роси и Маркез е незавршената трка на Шпанецот, кој излета од патеката по контактот со Роси, додека Италијанецот го задржа третото место во Малезија но доби ригорозна казна, тој ќе стартува последен на решавачката трка во Валенсија.
Вербалната војна започна во четвртокот, кога Роси го обвини Маркез дека намерно го попречувал на претходната трка во Австралија бидејќи сакал неговиот сонародник Хорхе Лоренцо да ја освои титулата.
„Марк на патеката го покажа она што го најавив на прес конференцијата во четвртокот. Успеа и јас ја загубив титулата. Не сакав тој да излета, немав таква намера, само сакав да го поместам од идеалната линија. Вистина е дека имаше контакт, но не е вистина дека го удрив. Тој со својот мотор ја допре мојата нога. Мислам дека ова е лош исход за сите во трката. Ќе беше добро да се борам со Лоренцо, но Марк одлучи дека треба да ја реши работата“, изјавил Роси на својата прес конференција.
Италијанецот во последната трка, на 8.ноември во Валенсија, ќе влезе со седум бодови повеќе од Лоренцо.
Од друга страна Марк Маркез рекол дека Роси целосно ја загубил контролата и дека тој е виновникот за инцидентот.
„Имаше неколку претекнувања и возевме брзо во една линија. Кога ме премина првиот пат се обидев да го следам, но видов дека е побрз. Се обидев да возам своја трка, успеав да го премина и сакав да создадам предност. Меѓутоа не успевав да го најдам вистинскиот ритам особено во моментите кога Валентино беше пред мене, беше брз, а јас мислев дека можам да бидам побрз од него. На снимката се гледа дека јас сакам да влезам свиокот, ја слушам Јамахата и се обидувам да се подигнам. Но тој стоеше исправен, но не очекував дека ќе ме турне. За мене не е важно дали е тоа Валентино или некој друг возач. Ваков инцидент значи дека некој ја загубил контролата“, рекол Маркез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
-

Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат
-

Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот
-

Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи
-

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува
-

Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка
