-->
-->
Војската во Турција ја превзема власта над државата!
-->
Турската војска издаде соопштеније во кое тврди дека пучот е успешно спроведен, пренесува Ројтерс. Војската ја превземала контролата над целата земја.
Турската влада призна дека земјата е во криза!
Турската војска тврди дека го отстранила Реџеп Таип Ердоган од власта и ја превземала контролата над државата. Во официјалната изјава, претставници на војската рекле дека владеењето на законот мора да остане приоритет.
Како што пренесуваат медиумите, државната турска телевизија ТВ ТРТ не емитува програма.
Пристигнуваат извештаи за судири на полицијата и војската, а судејќи по се, се стега обрачот околу Ердоган.
- Тенковите се на улиците. Силите на полицијата кои ја чувале палатата на претседателот се разоружани, известува британскиот новинар Доријан Џонс за Скај Њуз.
Турската државна новинска агенција пренесува дека бунтовниците го држат главниот генерал на војската како заложник во врховниот воен штаб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон
-
Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа
-
Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив
-
Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препоракиза заштита по појавата на птичји грип
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко