Володин: Киев го доведе светот на работ на нуклеарна катастрофа, тоа нема да го дозволиме

Агресивните чекори на украинската воено-политичка команда може да го доведат светот до нуклеарна катастрофа, изјави претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.
-Активностите на Киев го доведоа светот на работ на нуклеарна катастрофа, ние не можеме тоа да го дозволиме, рече Володин.
На првата пленарна есенската сесија на Димата, Володин посочи дека „времето покажа дека рускиот лидер Владимир Путин ја донесе вистинската одлука со почнувањето на специјална операција за демилитаризација на Украина“.
Претходно, шефот на управата на Енергодар, Александар Волга, изјави дека бројот на украинските единици расте на спротивниот брег на реките Днепар. Според него, вооружените сили на Украина постојано се движат низ областа, подготвувајќи се за провокации, пишува руска „Правда“.
Шефот на Енергодар додаде дека руската армија и националната гарда сигурно ја штитат нуклеарната централа Запорожје.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
