„Волстрит џурнал“: Руските платеници ги „проценуваат“ и крадат ресурси на Мали
„Волстрит џурнал“ објави дека руската група Вагнер испратила геолози да ги истражуваат подрачјата во југозападниот и централниот дел на Мали, пред таму да ги распореди своите платеници.
Весникот наведува дека платениците на Вагнер биле распоредени заедно со силите на Мали во централните и западните региони на Мали оваа година, истакнувајќи дека руските борци се обвинети дека учествувале во најмалку шест наводни масакри од март досега. Мали е земја со важни природни ресурси и слаба влада, изјави Ана Боршчевскаја, експерт за Русија од Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток, истакнувајќи дека Москва ја користи оваа ситуација давајќи услуги и го добива она што го сака преку Вагнер.
Вагнер, според официјални лица на ОН, потпишал договор со владејачката воена хунта во Мали во декември 2021 година, со кој се согласил да обезбеди помош во борбата против исламските екстремисти во замена за 10 милиони долари. Но, Вагнер покажува дека има и други финансиски амбиции освен месечната плата за платениците. Руските власти негираат каква било поврзаност со Вагнер, меѓутоа, руските државни медиуми се полни со вести за „херојствата“ на припадниците на компанијата во Украина во изминатите месеци.
Мали е четврти по големина извозник на злато во Африка и исто така има големи резерви на нафта, манган, ураниум и литиум. Весникот наведува дека десетици илјади луѓе досега ги напуштиле своите огништа поради операциите спроведени од Вагнер, а многумина загинале во масакрите за кои се обвинува оваа организација.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите