„Волстрит журнал“: Грција следната година ќе забележи економски раст
Економијата на Грција следната година ќе забележи раст, прогнозира американскиот весник „Волстрит журнал“.
Весникот се повикува на оценки од експерти, кои покажуваат дека растот на грчката економија оваа година е невозможен и дека со третата транша за Грција дадена од нејзините кредитори, се предвидува позабележлив раст да се очекува од крајот на следната година, односно прогнозата е раст од 2,7 отсто.
За во 2017 година економијата од приватниот сектор очекува растот во Грција да е околу 0,6 проценти.
Особено загрижувачки е фактот што износот за кој се претпоставува дека ќе ја доведе Грција до економски раст, се наоѓа во процес на мало опаѓање, бидејќи извозот се спречува поради контролата на капиталот во земјата, високите даноци и недостигот на кредитирање, пишува „Волстрит журнал“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ