Вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела
Во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“ и во магацинскиот простор со кој стопанисува „Ванила фуд“ е извршен вонреден инспекциски надзор откако се регистрирани случаи на ученици заболени од салмонела. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор и во училишните кујни во „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“.
- Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работните површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од Општина Карпош вчера информираа за случајот. Оттаму посочија дека се заболени девет ученици и дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош, како што информираа од Општината, сама побарала вонреден преглед.
Ново на Сител
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
