Вонредна прогноза: Крај на убавото и топло време
Од утре до недела ќе има дестабилизација на времето со услови за повремени локални врнежи од дожд. Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи се очекуваат попладне во западните делови од земјата.
Топлото време ќе се задржи уште денеска со дневни температури над просечните за овој период од годината. Поради изразено јужно струење денеска попладне и во ноќните часови се очекува да има поинтензивен пренос на прашина од Сахара.
Во сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови, додека во недела се очекува посвежо време со дневни температури пониски за околу 10 степени во однос на денешните. Врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови.
Управата за хидрометеролошки работи за во понеделник најавува стабилизирање на времето, а од вторник и зголемување на температурата.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот