Македонија
10. May 2017 - 22:12

Вонредна прогноза на УХМР

Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието со повремено засилен јужен ветер. Минималната температура од 3 до 12, а максималната од 22 до 27 степени.

Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Температурата од 6 до 25 степени.

Од четврток до недела времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура на воздухот ќе биде во покачување, која во сабота ќе е највисока. Доста топло време се очекува во јужните делови и вдолж Повардарието, а температурата на повеќе места ќе достигне над 30 степени.
 
В понеделник кон крајот на денот се очекува да нашето подрачје да биде под влијание на влажна и нестабилна воздушн маса, облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд на места проследени со грмежи. Температурата на воздухот ќе биде во опаѓање.