Вонредна седница на албанскиот Парламент
По барање на албанскиот премиер Еди Рама, Парламентот на Албанија денеска попладне ќе одржи вонредна седница на која треба да се усвојат повеќе документи и одлуки околу спроведувањето на политичкиот договор, постигнат на 18 мај меѓу него и лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша.
Пратениците прво треба да го усвојат указот на шефот на државата во заминување Бујар Нишани за разрешување и именување на новиот вицепремиер и шестмината министри, кои врз основа на договорот, ќе бидат од редовите на опозицијата.
Се очекува да се расправа и да се усвои и пакетот закони поврзани со изборната реформа, избор на членови од опозицијата во трите „ад хок“ комисии за законите од правосудството, а ќе биде избран и нов претседател и еден член на Централната изборна комисија, кои ќе бидат предлог на опозициските партии.
Опозициската Демократска партија предлозите за техничкиот вицепремиер и шесте министри треба да ги достави до Рама до полноќ
Албанскиот претседател Бујар Нишани вчера официјално ги закажа изборите за нов состав на Парламентот на Албанија за 25 јуни.
Албанските опозициски партии досега одбиваа да учествуваат на изборите и дури не се ни регистрираа за претходно закажаните избори за 18 јуни, инсистирајќи на оставка на Кабинетот на Рама и на формирање на техничка влада, која според нив, би спровела „фер и демократски изборен процес“. Опозицијата, која уште од февруари ја бојкотира работата на Парламентот, ја обвинуваше Владата на Рама дека подготвува манипулации и измами на изборите.
Ново на Сител
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование