Вонредна состојба во Ел Пасо поради приливот на мигранти преку мексиканската граница
– Градоначалникот на тексашкиот град Ел Пасо прогласи вонредна состојба поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат во градот, од кои илјадници се апсат секој ден, а стотици од нив спијат на улиците на студ.
Градоначалникот Оскар Лисер, од редовите на Демократската партија, рече дека прогласувањето вонредна состојба ќе им даде на градските власти ресурси и овластување да се грижат за мигрантите кои ја преминуваат границата со Мексико. – Сакаме да се погрижиме овие луѓе да бидат третирани со достоинство. Сакаме сите да бидат безбедни, им рече Лисер на новинарите. Во текот на изминатите месеци, илјадници мигранти пристигнаа во Ел Пасо, град со долга историја на прифаќање имигранти, преку границата со Мексико.
Градот се подготвува за можно зголемување на нивниот број, по одлуката на американскиот суд да ги укине ограничувањата на границите воведени поради Ковид од 21 декември. За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, демократ кој ја презеде функцијата во јануари 2021 година, рекорден број мигранти беа фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико, што предизвика напади од републиканците кои се залагаат за построги политики.
Во текот на изминатата недела, американските гранични служби фаќале во просек повеќе од 2.400 мигранти дневно во сектор долг 430 километри, или 40 отсто повеќе отколку во октомври, покажуваат податоците објавени од градот Ел Пасо.
Иако мигрантите се превезуваат од Ел Пасо во други американски градови, нема повеќе места во локалните засолништа, па многу од нив спијат на улица на температури под нулата. Заменикот-градоначалник Марио Д’Агостино рече дека прогласувањето вонредна состојба ќе му обезбеди на градот дополнителни опции за транспорт на мигранти на други локации и дополнителна полициска помош „во заштитата на мигрантите и заедницата воопшто“.
Градот на 14 декември објави дека очекува шест милиони долари од агенцијата за управување со вонредни состојби за храна, сместување и превоз до други градови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван