-->
-->
Вонредна временска прогноза: Студ и снег вечерва во Македонија
-->

Денеска ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер. Ова ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот и во попладневните и вечерните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните и крајните источни делови, а на повисоките места до околу 600м.н.в. помала снежна покривка.
И утре времето ќе биде претежно облачно студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Врнежи ќе има и во пониските делови на земјава, каде се очекува да се формира помала снежна покривка, а на планините да се зголеми. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од -2 до 3 степени. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на дневната температурата, но во среда и четврток утрата ќе биде многу студено со температури од -10 до -4 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
