-->
-->
Вооружен грабеж на комбе со пари во близина на Атина
-->
Околу еден милион евра, според првичните неофицијални информации на грчките медиуми е „пленот“ на четворица вооружени и маскирани лица кои попладнево во атинско предградие ограбиле комбе што пренесувало пари, јави дописничката на МИА од Атина.
Грабежот се случил пред позната продавница за играчки, каде што бил паркирано комбето.
Како што пишуваат грчките медиуми, маскираните лица му пришле на возачот и под закана со оружје извадиле околу 15 вреќи со пари, по што фрлиле боја на шофершајбната, ги дупнале гумите на комбето и побегнале.
Засега нема официјална потврда за точниот износ на пари, меѓутоа медиумите во Грција објавија дека станува збор за околу еден милион евра, а можеби и повеќе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мачка со девет животи: Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп