Вооружени разбојници украле 23 илјади во Непроштено
Ш.И. (42) од тетовското село Добарце вчеравечер пријавил дека околу 21 часот пред угостителски објект во Непроштено бил запрен и ограбен од две непознати лица вооружени со пиштоли. Притоа му е одземена чанта во која имал 23 илјади евра, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според исказот на Ш.И. тој заедно со неговиот пријател О.М. (23) од Џепчиште во Непроштено пристигнале со возило „Пасат“ со германски регистарски таблици кога биле запрени од две непознати и вооружени лица. Тие им наредиле да излезат од возилото по што едниот со шлаканици го удрил О.М., додека на Ш.И. му впериле пиштол и побарале да им ја даде чантата во која имал 23 илјади евра и негови лични документи. Откако му ја зеле чантата непознатите избегале по што Ш.И. и О.М. влегле во возилото и се упатиле по регионалниот пат, а О.М. патем ја отворил вратата и набрзина го напуштил возилото.
Јосифоврски истакна дека полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на пријавениот случај.
Ново на Сител
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции