-->
-->
Воз прегази скопјанец на пругата пред надвозникот кај бул. „Србија“
-->
Триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на бул. „Србија" во Скопје, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М. (31) од Скопје, кој починал.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам